• --

      Денови

    • :
    • --

      Часови

    • :
    • --

      Минути

    • :
    • --

      Секунди

    ДОБРЕДОЈДОВТЕ

    28 - 29 ноември 2018 г.
    Институт за информациски науки од Марибор

    КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2018

Најава за конференција COBISS 2018

Институтот за информациски науки во Марибор се радува на доаѓањето на оваа есен, во текот на која ќе се одржи традиционалната меѓународна конференција COBISS. Конференцијата ќе се одржи во просториите на ИЗУМ во Марибор, од 27 до 29 ноември 2018 г. Првиот ден ќе биде наменет само за гостите од Словенија, вториот ден само за гостите од државите членки на COBISS.net, а третиот ден за средбата на националните COBISS-центри.

Конференцијата COBISS ќе понуди повеќе интересни теми. Со централната тема Училишните библиотеки во глобалната библиографска информациска мрежа сакаме да ја истакнеме додадената вредност која ја носи вклучувањето на училишните библиотеки во системот COBISS. Ќе бидат претставени и некои од новитетите во системот COBISS и други содржини, за што ќе се погрижат компетентни предавачи од Словенија и од странство.

На конференцијата, се разбира, ќе имате можност и за дружење и размена на стручни мислења - како за време на програмата, така и за време на вечерните дружења кои ќе бидат проследени со културна програма.

Нема да има котизација за учество, но ќе треба да се достави пријава. Ќе ве известиме кога ќе бидат познати деталите за програмата и кога ќе биде подготвена страницата со пријава за конференцијата. Дотогаш ве молиме во својот календар да ги означите 28. и 29. ноември.

Во оваа прилика срдечно ве поздравуваме и ве повикуваме да присуствувате на овогодишната конференција COBISS. Се гледаме во ноември во Марибор.

д-р Алеш Бошњак
директор

Историјат

 
 

ОРГАНИЗАТОР
IZUM

Програма на конференцијата

27.11.

Bторник

  • Во подготовка

28.11.

Среда

  • Во подготовка

29.11.

Четврток

  • Во подготовка

Презентации

27.11.

Bторник

  • Во подготовка
28.11.

Среда

  • Во подготовка
29.11.

Четврток

  • Во подготовка

Контакт

И оваа година на партнерите од мрежата COBISS.Net им помагаме со софинансирање на трошоците за превоз и ноќевање за одредена квота учесници. Координатор на активностите при пријавување е Националниот COBISS-Центар кој ги уредува сите детали во врска со пријавувањето, изборот, организацијата на превозот и ноќевањето. Ве молиме во врска со тоа да се обраќате директно на лицето за контакт во НЦЦ.

Учесниците на конференцијата COBISS 2018 кои ќе присуствуваат надвор од спомнатите организирани групи чии трошоци ги софинансира ИЗУМ, треба да ја пополнат пријавата дадена подолу за непосредно пријавување. Котизација не е предвидена!

За државјаните на Република Македонија не е потребна виза за краток престој, доколку патуваат со биометриски пасош кој има важност од најмалку три месеци од влегувањето во Република Словенија.

Официјални информации: www.mzz.gov.si/en/entry_and_residence/

IZUM

Institut informacijskih znanosti, Maribor, Slovenija

  • Телефон: +386 2 2520 331
  • Телефакс: +386 2 2520 336