• ДОБРЕДОЈДОВТЕ

    22 - 23 ноември 2016 г.
    Институт за информациски науки од Марибор

    КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2016

Најава за конференцијата COBISS 2016

Институтот за информациски науки од Марибор (ИЗУМ) продолжува со организирање на традиционалните меѓународни конференции COBISS. И овогодинешната конференција COBISS 2016, која ќе се одржи на 22 и 23 ноември во новите простории на ИЗУМ во Марибор, ќе понуди бројни интересни теми. Очекуваме да дојдат компетентни предавачи и веруваме дека содржината на конференцијата ќе донесе низа атрактивни предизвици.

По углед на претходните конференции и овој пат ударните теми на дневен ред ќе бидат првиот ден, додека вториот ден е наменет за конкретни содржински технолошки теми. Во текот на конференцијата ќе биде дадена можност за меѓусебни средби, за обновување на стручните и на личните познанства, како и за размена на искуства. Нема да изостанат ниту традиционалните вечерни средби.

За деталите на програмата ќе добиете подетални информации на нашата веб-страница. Нема да се плаќа котизација, но ќе треба да се пријавите. Ве молам да ги означите 22 и 23 ноември во вашите календари, и воедно ве повикувам сите заедно да придонесеме за успех на конференцијата COBISS 2016.

Давор Шоштарич,
в.д. директор

Историјат

 
 

ОРГАНИЗАТОР
IZUM

Програма на конференцијата

програма.пдф

22.11.

Bторник

  • Регистрација на учесниците

  • Почеток на конференцијата со поздравни говори и културна програма

  • Јован Курбалија, Дејан Динчиќ (Diplo Foundation, Малта и Швајцарија): Како да ги задржиме библиотеките во дигиталната ера?

  • Јохан Стапел (Национална библиотека на Холандија, Хаг, Холандија): Развој на национална дигитална библиотека

  • Расмус Фангерл Вестергаард (Библиотека Валби, Копенхаген, Данска): Библиотеките во Копенхаген и Генерацијата Z

  • Пауза

  • Ема Дорник (ИЗУМ, Словенија): Димензионалност и влијание на квалитетната каталогизација

  • Миро Пушник (ЦТК, Словенија) и др.: Анализа на публикациите со слободен пристап на словенечките истражувачи во 2015 г. : влијание и економичност

  • Биргит Марија Херцер (Универзитетска библиотека Грац, Австрија): Предизвиците на каталогизацијата во се поповрзаниот свет: дали FRBR и RDA можат да понудат решение?

  • Ручек

  • Роберт Веховец (ИЗУМ, Словенија):
    COBISS+ (OPAC v7)

  • Симон Ошо (АРРС, Словенија): Користење на квантитативни оценки при избор на пријави во Јавната агенција за истражувачка дејност на Република Словенија

  • Александра Сурла (слободен преведувач, Билбрук, Велика Британија): Достапност на базите на податоци: читање за сите

  • Нина Буњевац Салкиќ (Јавна библиотека Маглај, Босна и Херцеговина): Позитивната страна на библиотекарството

  • Пауза

  • Вечерен прием

23.11.

Среда

  • Регистрација на учесниците

  • Поздравни говори (Давор Шоштарич)

  • Извештаи на националните центри COBISS

  • Аида Махмутовиќ (IGF/MAG, Женева, Швајцарија): Дијалогот во Југоисточна Европа за управување со интернетот

  • Пауза

  • Лидија Цурк (ИЗУМ, Словенија): Новитети во библиографиите

  • Андреј Корошец (ИЗУМ, Словенија): Онлајн ажурирање во E-CRIS

  • Миро Тржан (Градска библиотека Љубљана, Словенија): Деловен модел единствена набавка и обработка на библиотечниот материјал во јавните библиотеки

  • Алеш Бошњак (ИЗУМ, Словенија): Порталот Образование

  • Пауза

  • Војко Амброжич (ИЗУМ, Словенија): Архитектура на OPAC

  • Миран Петек (ИЗУМ, Словенија): Репозиториум на дигитални објекти

  • Зденка Каменшек (ИЗУМ, Словенија): COBISS3/Извоз на податоци

  • Давор Шоштарич (ИЗУМ, Словенија): Помалку познати услуги во врска со платформата COBISS

  • Бранко Зебец (ИЗУМ, Словенија): Простори на иднината

  • Пауза (ручек)

Презентации

Контакт

И оваа година на партнерите од мрежата COBISS.Net им помагаме со софинансирање на трошоците за превоз и ноќевање за одредена квота учесници. Координатор на активностите при пријавување е Националниот COBISS-Центар кој ги уредува сите детали во врска со пријавувањето, изборот, организацијата на превозот и ноќевањето. Ве молиме во врска со тоа да се обраќате директно на лицето за контакт во НЦЦ.

Учесниците на конференцијата COBISS 2016 кои ќе присуствуваат надвор од спомнатите организирани групи чии трошоци ги софинансира ИЗУМ, треба да ја пополнат пријавата дадена подолу за непосредно пријавување. Котизација не е предвидена!

За државјаните на Република Македонија не е потребна виза за краток престој, доколку патуваат со биометриски пасош кој има важност од најмалку три месеци од влегувањето во Република Словенија.

Официјални информации: www.mzz.gov.si/en/travel_and_visa_information/visa_information/general_information/

IZUM

Institut informacijskih znanosti, Maribor, Slovenija

  • Телефон: +386 2 2520 331
  • Телефакс: +386 2 2520 336