Konferencija COBISS 2011
СЛОЕНГСЦРБУЛАЛБHOMEProgramProgramProgram
 
15. / 16. ноември 2011 г.

На конференцијата
присуствуваа 351 учесници.



Л О К А Ц И Ј А

Конгресен центар Хабакук
Локација



И С Т О Р И Ј А Т

Конференција COBISS:

КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2011

Конференцијата COBISS 2011, која се одржуваше на 15 и 16 ноември во Конгресниот центар Хабакук во Марибор, беше осумнаесетта по ред. Конференцијата важи за константа во стручните средби на библиотекарите и информатичарите во регионот. Повеќе од 350 учесници беа дојдени од единаесет држави, а најмногу, секако, беа од државите што го користат COBISS како свој национален систем.

Содржинската црвена нишка на конференцијата беше слободниот проток на библиографски информации, што е во согласност со општата цел на досегашните конференции да придонесат за запознавање на развојот на струката во странство и кај нас, како и да ја зајакнат поврзаноста на меѓународната заедница на стручњаци кои го развиваат и го користат COBISS. Во воведниот дел на програмата настапија поканети предавачи и тоа претседателот на OCLC, Џеј Џордан, стручњак од Tалис, Ричард Валис, како и раководителот на групата за RDA од Британската библиотека, Алан Данскин. Следеше група предавања на домашни стручњаци, д-р Мелита Амброжич (НУК), д-р Маја Богатај Јанчич (IIL) и д-р Светлана Слапшак (ISH). Следниот ден беа одржани две постконференции и тоа за технолошките иновации во системот COBISS со дваесет излагања, како и за улогата на Аlumni COBISS со осум излагања.

Поголемиот дел од излагањата, во облик на резиме или во интегрален облик, се објавени во Зборникот на конференцијата COBISS 2011 (четвртиот број на списанието Организација знања од 2011 година).

Конференцијата ја одбележаа два пратечки настани и тоа потпишување на писмо за намери за склучување стратешко партнерство OCLC - IZUM, а непосредно пред конференцијата Генералното собрание на УНЕСКО во Париз донесе одлука според која IZUM доби статус на >сентар под покровителство на УНЕСКО<.

Конференциите COBISS имаат значајна улога во извршувањето на мисијата и задачите на јавниот завод и во голема мера помогнаа Словенија да стекне водечка улога во развојот на библиотекарството во регионот, што е и составен дел на програмата за меѓународна развојна соработка на словенечката влада.

Давор Шоштарич
директор



О Р Г А Н И З А Т О Р

IZUM





С П О Н З О Р И

HP


ADD


Lancom


Datascan

ProQuest


 
e-mail © 2011 IZUM e-mail