The Conference COBISS 2007
СЛОЕНГБОСАЛБHOMEProgramProg. Committee
 
28 / 29 ноември 2007

Na konferenciji je prisustvovalo 414 učesnika.

Ф О Т О Г Р А Ф И Ј Е


Fotografije

Л О К А Ц И Ј А

Конгресен центар Хабакук
Локација

В Р С К И

IZUM

COBISS.Net

И С Т О Р И Ј А Т

Конференција COBISS:
Конференција COBISS 2007
"COBISS – ПОДДРШКА НА ИНТЕРКУЛТУРНИОТ ДИЈАЛОГ"
(На прагот на Европската година на интеркултурен дијалог)

Со заслуга на информациските и комуникациските технологии светот стана помал,
а луѓето во него се сè повеќе отуѓени и осамени,
бидејќи не се разбираат меѓусебно и се плашат еден од друг!


Пред нас е шеснаесеттата конференција COBISS, на која повторно очекуваме учество на голем број библиотекари и информатичари од државите на Југоисточна Европа, а посебно од државите на Западен Балкан. Иако овогодишната тема се надоврзува на одлуката на Европската комисија да ја прогласи следната година за „Европска година на интеркултурен дијалог“, за ваквиот назив на конференцијата имаме и свои, секако убедливи, причини. Имено, IZUM, веќе две децении систематски го гради и го поддржува поврзувањето на библиотеките и библиотекарите со користење на современа информациска и комуникациска технологија. Конференцијата COBISS 2007 ќе покаже што во суштина може да се стори за интеркултурниот дијалог и при тоа да не се остане само на декларации.

И оваа година настаните на конференцијата ќе бидат збогатени од извонредни предавачи кои ќе ги претстават настојувањата во изградбата на интеркултурниот дијалог во различни средини. Ќе ја разоткријат интеркултурната широчина на COBISS кој се потврдува во делот на Европа во кој без интеркултурен дијалог нема егзистенција. Вториот ден на конференцијата ќе биде посветен на тркалезните маси (вкупно четири) на кои корисниците на системот COBISS ќе разговараат за квалитетна библиотечна практика во рамки на следните теми:

  • Преземање на библиографските записи од различни културни средини
    Бројот на преземени записи во рамките на мрежата COBISS.Net нагло расте, а се шират и искуствата што се поврзани со културните карактеристики на средината во која е создаден записот. Тоа делумно може да се примени и на односот помеѓу националните и меѓународните библиотечни стандарди.
     
  • Уважување на културните разлики на корисниците на библиотеките
    Денес веќе нема културно хомогени средини, бидејќи Европа е простор на слободен проток на луѓе. Затоа денес, повеќе од кога и да било порано, библиотеките мора да размислуваат за различните културни потреби на корисниците, а тоа мора да го уважуваат и во своeтo работење.
     
  • Придонес на библиотеките за европскиот идентитет
    Европа не ја прифаќа перспективата на „лонец за претопување“, а истовремено очекува дека ќе се развие идејата за европска припадност како сврзувачка култура на дијалогот. Ниту една институција нема толку добри појдовни точки за поддршка на европската идеја како што тоа го имаат библиотеките кои се всушност „европски куќи“ во своите средини.
     
  • „Малцински“ библиотеки и збирки на странски јазици во функција на интеркултурниот дијалог
    Скоро и да не постои европска држава која во рамките на своите граници нема национални малцинства, а се очекува малцинствата да имаат и свои библиотеки. Разбирлива е нивната национална мисија, а се тие од посебно значење за интеркултурниот дијалог. Слична улога имаат и библиотечните збирки на странски јазици.

Конференцијата ќе ја заклучиме со панелот на кој ќе биде претставена програмата за студии по информациски науки – библиотекарство на 2. болоњски степен (магистер) кој, врз основа на посебната спогодба, ја организираат IZUM и универзитетите во Задар, Љубљана, Приштина и во Скопје. Тие студии ќе помогнат во надминувањето на проблемот поврзан со недостаток од стручен кадар во државите во кои не постојат студии по библиотекарство.

Оваа година се навршуваат дваесет години од воведувањето на кооперативниот online библиографски систем и сервиси (COBISS), што претставува голем јубилеј за динамичното подрачје на информациските науки, библиотекарството и информатиката. Ќе го одбележиме со доделување признанија на поединци надвор од IZUM кои значително придонеле за развојот на нашиот библиотечно-информациски систем.

Ниту овој пат конференцијата нема да помине без пријателско дружење, кое веќе стана традиционално во Марибор.



С П О Н З О Р И

Sinfonika


HP

ProQuest



 
e-mail © 2007 IZUM e-mail