Библиографии - најчести прашања

Персонални библиографии

  • Како да се внесат или да се поправат податоците за персоналните библиографии? Одговор


    Програмата која е достапна на вебстраницата Библиографии овозможува испис на персоналните библиографии на истражувачи и стручни соработници врз основа на шифрата на истражувачот која му е доделена на авторот при запишување во евиденцијата на истражувачи во информацискиот систем за истражувачката дејност во Македонија (E-CRIS.MK), под услов нивните библиографски единици да се вклучени во системот C OBISS.MK. Податоците за библиографските единици се испишуваат од заемната база на податоци COBIB.MK. Услов за правилно да се вклучи одделна единица од базата на податоци COBIB.MK во персонална библиографија е записот, освен основните библиографски податоци (автор, наслов, година на издавање, издавач ...), да ги содржи и шифрата според типологијата на документот/делото, шифрата на истражувачот и уште некои податоци.

    Податоците во заемната база на податоци ги внесуваат библиотеките што се полноправни членки во системот COBISS.MK и имаат библиотекари кои се оспособени за внесување на податоците.

    Во принцип, имате можност самите да ја изберете библиотеката која ќе се грижи за дополнување и редакција на вашата персонална библиографија. Записите за библиографските единици вообичаено ги внесува и ги редактира библиотеката на установата во која е вработен истражувачот. Доколку установата нема библиотека, предлагаме да изберете библиотека која е специјализирана за вашата област. Обратете им се за редакција на вашите библиографски единици. Таму ќе добиете и прецизни упатства за тоа што е потребно да им доставите за да може да ви ја дополнуваат вашата персонална библиографија.

    <<< назад

Библиографии на сериски публикации

  • Кои се одликите на исписите на линкот Библиографии на сериски публикации? Одговор


    Библиографиите на сериски публикации овозможуваат испис на библиографски единици сортирани според типологија од заемната библиографска база на податоци COBIB.MK. Библиографската единица за одредена сериска публикација од COBIB.MK може да се испише само врз основа на меѓународниот број за сериска публикација – ISSN кој го внесувате во соодветно поле (на пр. ако внесете 0352-1982, што е ISSN на списанието Arhitektov bilten, исписот ќе ги вклучи сите каталогизирани прилози од ова списание).

    <<< назад

  • Дали можам да испишам библиографија за која било сериска публикација? Одговор


    Не, библиографија можете да испишете само за онаа сериска публикација чии прилози имаат библиографски записи во заемната библиографска база на податоци COBIB.MK.

    <<< назад

  • Немам ISSN-број од списанието за кое сакам да испишам библиографија. Каде можам да го најдам ISSN-бројот? Одговор


    ISSN-бројот можете да го побарате во заемната библиографска база на податоци COBIB.MK (на пр. во полето за пребарување внесете го насловот на списанието).

    <<< назад

Прашања, мислења, предлози

Испратете ги на:

vbmkservis@nubsk.edu.mk

© 1998-2013 IZUM