Библиографии – помош

Библиографии преку системот E-CRIS.MK


Библиографиите преку системот E-CRIS.MK овозможуваат испис на репрезентативни библиографии.

повеќе >>>

Репрезентативна библиографија на одделен истражувач е список на библиографски единици со кои истражувачот во одреден момент сака да се претстави. Содржи дела според изборот на истражувачот кои во системот COBISS.MK се обработени на ист начин како и останатите библиографски единици. Списокот може да содржи најмногу до десет библиографски единици.

<<< назад

Персонални библиографии


Персоналните библиографии им овозможуваат на истражувачите и на другите автори испис на библиографски единици, сортирани според типологиција, од заемната библиографска база на податоци COBIB.MK.

повеќе >>>

Програмата која е достапна на вебстраницата Библиографии овозможува испис на персоналните библиографии на истражувачи и стручни соработници врз основа на шифрата на истражувачот која му е доделена на авторот при запишување во евиденцијата на истражувачи во информацискиот систем за истражувачката дејност во Македонија (E-CRIS.MK), под услов нивните библиографски единици да се вклучени во системот C OBISS.MK. Податоците за библиографските единици се испишуваат од заемната база на податоци COBIB.MK. Услов за правилно да се вклучи одделна единица од базата на податоци COBIB.MK во персонална библиографија е записот, освен основните библиографски податоци (автор, наслов, година на издавање, издавач ...), да ги содржи и шифрата според типологијата на документот/делото, шифрата на истражувачот и уште некои податоци.

Податоците во заемната база на податоци ги внесуваат библиотеките што се полноправни членки во системот COBISS.MK и имаат библиотекари кои се оспособени за внесување на податоците.

Во принцип, имате можност самите да ја изберете библиотеката која ќе се грижи за дополнување и редакција на вашата персонална библиографија. Записите за библиографските единици вообичаено ги внесува и ги редактира библиотеката на установата во која е вработен истражувачот. Доколку установата нема библиотека, предлагаме да изберете библиотека која е специјализирана за вашата област. Обратете им се за редакција на вашите библиографски единици. Таму ќе добиете и прецизни упатства за тоа што е потребно да им доставите за да може да ви ја дополнуваат вашата персонална библиографија.

<<< назад

Библиографии на сериски публикации


Библиографиите на сериски публикации овозможуваат испис на библиографски единици сортирани според типологија од заемната библиографска база на податоци COBIB.MK.

повеќе >>>

Библиографската единица за одредена сериска публикација од COBIB.MK може да се испише само врз основа на меѓународниот број за сериска публикација – ISSN кој го внесувате во соодветно поле (на пр. ако внесете 0352-1982, што е ISSN на списанието Arhitektov bilten, исписот ќе ги вклучи сите каталогизирани прилози од ова списание).

<<< назад

Параметри на исписите

Со параметрите на исписите се одредува содржината и изгледот на разновидни библиографии, односно исписи (на пр. персонални библиографии, библиографии на сериски публикации). Некои параметри се појавуваат во сите библиографии и исписи, додека други се појавуваат само во одредени библиографии и исписи.

  • шифра на истражувачот или презиме и име повеќе >>>


    Исписот на библиографските единици од базата на податоци COBIB.MK во системот COBISS.MK за определениот истражувач е можен врз основа на шифрата на истражувачот која на авторот му е доделена при запишувањето во евиденцијата на истражувачи и истражувачки организации (E-CRIS.MK). Затоа треба да ја внесете соодветната шифра. По пополнувањето на сите параметри, програмата проверува дали постои истражувачот со наведената шифра и до шифрата го испишува презимето и името.

    Ако не ја знаете шифрата, можете да ги внесете презимето и името. Треба да го внесете обликот на презимето и името што се користи во евиденцијата E-CRIS.MK, кој може да биде поинаков од обликот што се користи во записите на библиографските единици. Внесувањето може да биде со кирилично или со латинично писмо, а може да го внесете и само презимето. При внесување на латиница дијакритичките знаци можете да ги замените со букви без дијакритички знаци (на пр. Blazevska Zorica наместо Blaževska Zorica), а може да внесете само презиме. По исполнувањето на параметрите, програмата проверува дали истражувачот со наведеното презиме и име е вклучен во евиденцијата E-CRIS.MK. Доколку е вклучен, програмата ќе ја испише неговата шифра. Исто така може да се случи програмата да најде повеќе истражувачи со исто презиме (и име). Во тој случај, вистинската личност ја избирате во засебен прозорец. Притоа ви помагаат годината на раѓање или подрачјето на истражување, кое се испишува покрај презимето и името.

    <<< назад

  • од година повеќе >>>


    Параметарот е наменет за избор на библиографски единици од одредена година на издавање (или објавување, односно изведување) понатаму. Ако не го внесете податокот, во исписот на библиографијата се вклучуваат сите единици што имаат година на издавање помала или еднаква на онаа што сте ја навеле во параметарот до година.

    <<< назад

  • до година повеќе >>>


    Параметарот е наменет за избор на библиографски единици до одредена година на издавање (или објавување, односно изведување). Ако податокот не го внесете, во исписот на библиографијата се вклучуваат сите единици што имаат година на издавање поголема или еднаква на онаа што сте ја навеле во параметарот од година.

    <<< назад

  • резимеа/апстракти повеќе >>>


    Со параметарот одредувате дали во библиографијата треба да се испишат и резимеа/апстракти (доколку ги има во библиографската единица). Можете да избете:

    без Библиографските единици се испишуваат без резимеа/апстракти.
    македонски Се испишуваат само на македонски јазик.
    англиски Се испишуваат само на англиски јазик.
    сите Се испишуваат сите резимеа/апстракти.

    <<< назад

  • формат на библиографската единица повеќе >>>


    Можеда изберете еден од следните формати за испис на библиографските единици:

    ISO ISO 690 (Documentation – Bibliographic References – Content, Form and Structure)

    IEEE облик што се користи во публикациите IEEE (The Institute of Electrical and Electronics Engineers, inc.)

    ISBD (International Standard Bibliographic Description) – според стандардот на IFLA

    ISBD (во збиен облик) (International Standard Bibliographic Description) – според стандардот на IFLA (во збиен облик)

    ISO (испис на сите автори) ISO 690 (Documentation - Bibliographic References – Content, Form and Structure) – со испис на сите секундарни автори

    <<< назад

  • сортирање на библиографските единици повеќе >>>


    Можете да изберете една од следните можности на сортирање на библиографските единици:

    типологија, година – опаѓачки, наслов Библиографските единици се сортирани според типологијата на документот/делото, во рамки на одделниот тип според годината на објавување од најновата до најстарата година, во рамки на истата година според насловот на изворот (наслов на списанието, зборникот или монографијата) и на крај, според насловот на делото.

    типологија, година – растечки, наслов Библиографските единици најпрво се сортирани според типологијата на документот/делото, во рамки на одделниот тип според годината на објавување од најстарата до најновата година, во рамките на истата година според насловото на изворот (наслов на списанието, зборникот или монографијата) и на крај, според насловот на делото.

    наслов Библиографските единици се сортирани според насловот на делото.

    вид на авторство, наслов Библиографските единици се сортирани според видот на авторство (на пр. автор, уредник, преведувач, режисер...), а во рамки на одделен вид авторство според насловот на делото.

    вид граѓа, наслов Библиографските единици се сортирани според видот на граѓата (на пр. книга, поезија, научна монографија...), а во рамки на одделен вид граѓа според насловот на делото.

    година – паѓачки, наслов Библиографските единици се сортирани според годината на објавување од најновата до најстарата година, а во рамки на иста година според насловот на делото.

    година – растечки, наслов Библиографските единици се сортирани според годината на објавување од најстарата до најновата година, а во рамки на иста година според насловот на делото.

    јазик, година – растечки, наслов Библиографските единици се сортирани според јазикот на кој е објавено делото, во рамки на ист јазик според годината на објавување од најстарата до најновата година, а во рамки на иста година според насловото на делото.

    <<< назад

  • формат на исписот повеќе >>>


    Можете да изберете некој од следните формати за испис:

    HTML Форматот HTML (Hyper Text Markup Language) го избирате кога сакате да прегледате и испишете библиографија во веб-прелистувач. Во тој формат можете да ја претставите библиографијата и на вашата домашна страница.

    XML Структурираниот испис во форматот XML (шема: http://home.izum.si/cobiss/xml/bibliography.xsd, графички опис на шемата: http://home.izum.si/cobiss/xml/Bibliography.html), содржи множество библиографски податоци кое е независно од параметарот формат на библиографската единица.

    Сите исписи на библиографии можете да ги преобликувате, но библиографските единици мораат да го содржат идентификацискиот број на библиографскиот запис – COBISS.MK-ID.

    <<< назад

  • јазик на библиографијата повеќе >>>


    Можете да изберет испис на библиографијата на македонски или на англиски јазик. Во исписот на библиографиите на англиски јазик главниот наслов и поднасловите од типологијата на документи/дела за водење на библиографии во системот COBISS се на англиски јазик, додека библиографските единици се испишуваат на ист начин како и во библиографијата на македонски јазик.

    <<< назад

  • да се испрати на адреса за е-пошта повеќе >>>


    Ја внесувате адресата за е-пошта на која сакате да ја примите библиографијата. Адресата ја внесувате во стандарден облик, на пр. ime.prezime@xxx.xx.

    <<< назад

  • ISSN повеќе >>>


    Испис на библиографските единици од COBIB.MK за определена сериска публикација е можен само врз основа на меѓународниот стандарден број на сериската публикација (ISSN). Затоа го внесувате соодветниот ISSN-број (на пр. 0352-1982 кој е ISSN на списанието Arhitektov bilten; тоа значи дека во исписот се вклучуваат сите каталогизирани трудови од тоа списание).

    <<< назад

повеќе >>>

Подготовка на исписот

Со притискање на копчето ПОДГОТОВКА НА ИСПИСОТ ја активирате постапката за подготовка на исписот на библиографијата, според дадените влезни параметри.

Ако не сте ја внеле адресата за е-пошта на која сакате да го примите исписот на библиографијата, се испишува веб-адреса. Кога ќе кликнете на неа, ја добивате испишаната библиографија. Доколку сте го пополниле параметарот да се испрати на адреса за е-пошта, исписот на библиографијата ќе го добиете по е-пошта на наведената адреса.

Подготовката на исписот може да потрае подолго време, во зависност од бројот на вклучени библиографски единици.

Селективен избор на библиографските единици

Стандардниот испис ги вклучува сите библиографски единици на авторот во наведениот период. Доколку сакате во исписот да вклучите само одредени библиографски единици, притискате на копчето СЕЛЕКТИВЕН ИЗБОР. Селективен избор е можен само доколку во параметарот сортирање на библиографските единици сме избрале сортирање според типологија. Се испишува список на сите типови документи/дела, каде можете да издвоите одредени типови библиографски единици. Можете да издвоите одделен тип или цела група.

Со притискање на копчето ДОПОЛНИТЕЛНО ИЗДВОЈУВАЊЕ можете да издвоите и одделни библиографски единици. Се испишува список на сите библиографски единици што соодветствуваат на дадените параметри и изборот според типологија. Секоја библиографска единица е определена со идентификацискиот број COBISS.MK-ID, насловот, годината на издавање и типот на трудот. За подетален опис на библиографската единица, со притискање на идентификацискиот број можете да ја активирате врската на COBISS/OPAC. Списокот може да се уреди растечки или опаѓачки по идентификацискиот број, насловот, годината на издавање или типот на трудот, и тоа само со цел за полесно препознавање на библиографските единици. Од списокот можете да ги издвоите библиографските единици што не сакате да ги вклучите во исписот. Подготовката на списокот може да потрае подолго време, во зависност од бројот на вклучени библиографски единици.

<<< назад

Директни врски

Можете да подготвите непосредна врска до библиографии на истражувачи и стручни соработници така што во URL-адресата ги внесувате следните параметри:

Во URL-адресата може да внесете повеќе од наведените параметри, а нивните вредности меѓусебно ги поврзувате по желба. Задолжителни параметри се langbib со вредност mac и li со вредност mk.

(на пр.: http://splet02.izum.si/cobiss/bibliography?code=00002&formatbib=2&langbib=mac&li=mk)

© 1998-2014 IZUM